Не ја компромитирајте независноста на Народна банка
Во 1950 година, Џавахарлал Нехру, премиер на Индија, предложил пред влезот на Резервната (централната) банка на Индија да се подигнат две масивни статуи, како симбол на процесот на воспоставување на институционалниот поредок на независната држава. На отворен конкурс биле избрани ликовите на Јакша и Јакшани, полубогови од хиндуистичката митологија, чувари на градините на Кубера, богот на благосостојбата. На скулпторот му требале 10 години за да ги заврши фигурите, период за кој сензибилноста на јавноста за политиките на владата станала многу поостра. Кога конечно биле поставени, Нехру аргументирал: „Тие се тука за да ја штитат независноста на централната банка“. Вообичаено , економската дебата периодов е фокусирана на анализа на предлог-буџетот, а годинава и темите за тоа како ковид-19 влијае врз економијата и преземените мерки од владата во врска со тоа го окупираат јавниот дискурс. Во заднината на оваа дебата, мачно се наметнува тезата дека финансиската стабилност била загроз...