Posts

Showing posts from December, 2011

Економијата, Моамер и народот (Капитал, 30.12.2011)

Image
Ако денес мислев дека навистина се ближи крајот на светот, тогаш има неколку работи и личности по коишто ќе сакам да ја запаметам годинава што изминува. Секако, годинава нема да ја паметам по тоа што Македонија не само што помина во кризата неоштетена, туку искористи од неа, нема да ја паметам по стокатници кои никнаа во Скопје, нема да ја паметам по економски раст од 8%... Сепак, ми остануваат неколку работи по коишто ќе ја паметам. Па, вака, да почнам со настаните. На глобална сцена, 2011 ќе ја запаметам по силниот земјотрес и цунамито во Јапонија. Овој настан предизвика катастрофа од планетарен размер и ја разора јапонската економија. Но, истовремено, оваа катастрофа ја покажа обединетоста, цивилизираноста и отпорноста на јапонскиот народ, што е должно за секаква почит. Слично на ова, на домашен план годинава ќе ја запамтам по предвремените парламентарни избори. Зошто ова е економски настан на 2011? Затоа што сите полагаме надежи во нашата економија, дека еден ден ќе биде попроспе...

Бритиш муд (Капитал, 16.12.2011)

Image
Во мај 1962 година, кога работел за Ројтерс, Фредерик Форсајт бил испратен на работна задача во Источен Берлин. Враќајќи се дома доцна во ноќта, по патот пресретнал Советски оклопни дивизии, тенкови, ракетни лансери, моторизирана пешадија, и, воопшто, татнежи по авенијата Карл Маркс. Штом се добрал до телексот, тој веднаш напишал сторија дека Рускиот напад врз Западен Берлин, а со тоа и Третата Светска Војна се скоро извесни. Сер Алек Даглас Хоум, Британскиот премиер во тоа време, и Американскиот претседател Линдон Џонсон морале да бидат пробудени од спиење, а НАТО бил ставен на црвен аларм. Тогаш, еден постар и помудар колега од Ројтерс му предложил на Форсајт да провери да не се тоа подготовки за парадата за Денот на борбата против фашизмот. И, навистина биле тоа. Минатата недела, Велика Британија, претставувана од нејзиниот премиер Дејвид Камерун, стави вето на договорот за спас на Еврозоната. Дека британскиот „сепаратизам“ повторно ја дигна својата глава, не треба да биде чудно, ...

НАГОДУВАЊЕ (Капитал, 2.12.2011)

Image
Државниот секретар на САД, Џејмс Бејкер, еднаш му подготвил на претседателот Реган говор што требало да го одржи на Светскиот економски самит во Вилијамсбург, Вирџинија. Утрото, Бејкер се разочарал кога разбрал дека претседателот воопшто не се мачел да го погледне говорот и искрено го прашал зошто. „Па, Џејмс“, релаксирано му реплицирал Реган, „ Звукот на музиката  (се мисли на мјузиклот) одеше во позадина“. Подоцна, магазинот „ Економист “ за Реган напиша: „Маестралната појава на Реган понекогаш го маскираше фактот дека тој воопшто и не знаеше што зборува“. Деновиве, во економските кулоари се изнаслушавме прогнози за економскиот раст на Македонија во идната 2012 година. Ќе бил ваков, ќе бил таков. Половина процент повисок или понизок. Проекции фрчат од сите страни и секој си ја кажува приказната што сам сака да ја слушне. И странците не се исклучок. Ако кажат ниска стапка, тогаш се оценети како премногу конзервативни. Ако кажат висока стапка, тогаш речиси сигурно таа ќе се оствар...