Posts

Економските предизвици на новата влада

Image
Се наоѓаме во предвечерјето на почетокот со работа на новата влада. Вообичаено, дебатата за економските предизвици со кои таа ќе се соочи пополека се појавува и ќе се интензивира кога владата ќе ја достави својата програма во собранието. Еве неколку размислувања за тие економски предизвици. На сосем краток рок, предизвик е да се стабилизиаат економските очекувања. Во текот на двеипол годишната политичка криза, граѓаните станаа разочарани, а домашниот бизнис сектор ги замре своите активности. Потрошувачката на домаќинствата продолжи да придонесува кон економскиот раст со несмален интензитет, главно поради новите вработувања, порастот на пензиите, социјалната помош и порастот на кредитирањето кон населението, но живоста кај луѓето исчезна. Во обичните муабети, доминираа теми како „нема да не биде“, „да фаќаме џаде“ и слично. Неликвидноста во домашниот бизнис сектор кулминираше, особено во последнава половина година. Делумно веројатно поради забавената динамика на измирување на обвр...

Странските инвестиции се сепак добри за економијата

Image
Во периодов на интензивни политички турбуленции се наметна и дебатата за корисноста од странските директни инвестиции (странските фабрики) кои инвестираа во земјава, главно во рамки на владината политика за привлекување странски инвестиции. Оваа политика беше воспоставена уште на крајот од 2006 година, а се базира на интензивни и повеќеслојни макетиншки активности за привлекување СДИ во технолошко-индустриски развојни зони, што главно подразбира серија даночни повластици и директни грантови за извозно-ориентирани фирми што ќе инвестираат во нив. Со сите свои маани, оваа дебата премина во преголемо, би рекол дури и неправедно оцрнување на странските фабрики во земјава. Еве ги моите аргументи зошто странските инвестиции се сепак добри за економијата. Прво, пред воведувањето на оваа политика, во земјава скоро и да немаше странски инвеститор. Попрецизно кажано, она што како странски инвеститор дојде во земјата пред оваа политика беше главно низ процесот на приватизација, односно прод...

Зголемувањето на надворешениот долг не е секогаш лоша вест

Image
На крајот од третиот квартал 2016 година, бруто надворешниот долг на Македонија изнесуваше 78% од бруто домашниот производ, со скоро подеднаква застапеност на јавниот (40%) и приватниот надворешен долг (38%). Во повеќе медиуми проструи веста дека ова е рекордно и алармантно ниво на надворешниот долг. Точно е дека ова е рекордно ниво на надворешен долг: на пример, во 2004 година, тој изнесувал околу 45% од БДП. Но, дали ова ниво на надворешниот долг е алармантно, треба да се размисли подетално. Прво, што претставува надворешниот долг? Надворешниот долг се пари кои им се должат на странци од страна на ентитети во Македонија. Но, ентитет во Македонија не значи само владата, односно државните институтии, туку широка лепеза на други должници: банките, претпријатијата, а теоретски тоа може да бидат и лица. Моменталниот надворешен долг што го има Македонија од 7.5 милијарди евра е вкупниот долг на сите овие ентитети. Оттука, една од главните забуни е што надворешениот долг се поистовету...

Храбра, но (по)паметна фискална политика по изборите

Во време на продукцијата на „Покриениот вагон“ (1923), еден амбициозен филм за пионерите кои тргнаа кон Западот во 1840-те, шефот на студиото Парамаунт, Адолф Зукор, почнал да се грижи за растечкиот буџет на филмот и му наредил на продуцентот Џеси Ласки да ја суспендира продукцијата на филмот. „Театрите, објаснил тој, се жалат за бројот на вестерни што се произведуваат и се жедни за нешто различно“. „`Вагонот` не е вестерн“, возвишено се спротивставил Ласки. „Тоа е епска приказна.“ „Епска приказна?“ возбудено реплицирал Зукор. „Па, тоа е различно – тогаш, терајте понатаму !“ Јавниот долг на Македонија ја премина психолошката бариера од 50 проценти од БДП и со издавањето на последната еврообврзница се искачи на 50.6 отсто . Навидум, ова ниво на јавниот долг не е високо, особено ако се има предвид дека многу земји се доближуваат или ја надминуваат границата од 100 насто јавен долг од БДП. И, навистина, ова ниво на јавен долг немаше да ме загрижува ако не беа проблематични два други...

Економијата на Латинска Америка: Години без криза или кризата следи?

Во економска смисла, Латинска Америка потсетува на високи стапки на екстремна сиромаштија, голема доходна нееднаквост во општествата, неретко високи стапки на инфлација и депресирачки валути проследени со валутни кризи. Но, Латинска Америка помина низ Големата светска криза 2007-2011 многу подобро од САД и земјите од Западна Европа, кои се соочија со рецесии проследени со бавно закрепнување.  Всушност, периодот пред почетокот на кризата и за време на кризата обележа значаен економски раст, како и подобрување во социјаната кохезија на континентот. Просечниот раст во периодот 2004-2008 изнесуваше 5.2%. После брзиот пад во 2009, растот повторно се искачи на 4.1% во периодот 2010-2013. Некои земји, како Уругвај, Панама и Перу, криза и не забележаа: тие имаа континуирани стапки на раст од над 6% за време на целиот период 2004-2013. Потоа, позитивните движења беа ненадејно прекинати во 2014, што меѓу другото беше одраз на меѓународни фактори значајни за латиноамериканските земји, п...

Глобална економија: Стрмоглав пад?

Цената на суровата нафта започна брз пад после јуни 2014. Овој пад коинцидира со падот на цените на некои други стоки, и го означи крајот на т.н. суперциклус – период на рапидно бумирање на овие цени, што започна порано - некаде на почетокот на 2000-тите. Но, ако погледнеме наназад, ќе забележиме дека падот на цената на нафтата што го гледаме сега, не е нов, односно во историјата може да се забележат најмалку три големи падови. Секој од нив се случуваше во време кога се реструктуираше пазарот на нафта, но и глобалната економија. Првиот беше во средината на 80-тите, кога Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК го напушти фиксирањето на цената на нафтата; вториот на почетокот на 90-тите за време на Заливската војна, а третиот на почетокот на Големата финансиска криза од 2008. Сличноста меѓу сите три е зголемувањето на понудата и промени во политиката на ОПЕК по периодот на зголемување на цените. Ако се суди според историјата, тогаш, цените на нафтата ќе останат релативно нис...

Идеја - петпари (2)

Image
Длабоката политичка криза во Македонија, всушност, откри дека институционалниот систем не функционира по општоприфатени правила, односно би рекле дека политичката криза се сведува на институционална криза. На јавноста и ` се потврди она што претходно беше јавна тајна, дека институциите може да бидат злоупотребени за недржавни, најчесто политички и уште повеќе лични цели. Државен функционер може да се јави на друг државен функционер и да нарача инспекција, специјално подготвена да казни или дури затвори некоја фирма, без оглед што можеби таа фирма целосно ги почитува законските прописи и стандардите во работењето. Да немаме дилема, ова е една опасна форма на корупција. Таа не неопходно вклучува мито, односно нејзината примарна цел не е да изнуди финансиски средства, но таа не му дава на приватниот сектор да дише и директно го корумпира растот на економијата. На пример, Рохини Панде во „Разбирање на политичката корупција во нискодоходни земји“ прави интересен преглед на литература...