Гангнам стајл, енгри брдс и крајот на светот (Економија и Бизнис, Декември 2012)
Се ближи крајот на уште една календарска, економска, фискална, или каква сакате, година. И, по редослед на нештата, сите пополека не` зафаќа празнично расположение, и како и лани, доста е од сериозни економски четива. Декември е месец за сумирање на сработеното и размислување што да промениме во новата година за да живееме подобро. Овомесечнава колумна ќе направи преглед на настаните и лицата кои ја обележаа годината која пополека изминува. На глобално ниво, годината ја започнавме со веста дека кралицата Елизабета II го одбележува својот дијамантски јубилеј, односно 60 години од моментот на стапување на престолот на Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Нов Зеланд (со тоа станувајќи и шеф на Комонвелтот). По тој повод се одржаа прослави низ сите овие земји. Подоцна низ Лондон се одржаа и редица настани со концерти, поморска парада долж Темза и слично. Овој момент ми остави впечаток како манифестација на грандизоноста и величенственоста на Обединетото Кралство, кое до пред с...