Posts

Showing posts from 2014

Уџи слободно

Image
Вообичаено, декември е месец кога правиме пресек на сработеното и постигнатото во годината што изминува. И јас во декемвриската колумна си го поставувам прашањето, по што ќе ја запаметам 2014 година. Се сеќавате дека лани напишав дека 2013 ќе ја запамтам по Ѓокица кој делеше ситни пари во прајм тајм, како и по баба Рада, која немајќи ниту ситни пари, се расфрлаше со билки во некој офсајд термин? Сакал или не сакал, и оваа година ќе ја паметам по овие два лика. Ѓокица го нема повеќе да се расфрла со ситни пари. A ко парите ги немаш, а сакаш со нив да се расфрлаш, ќе дојде денот кога ќе треба тие пари да си ги прибереш назад. Како што при расфрлањето правиш сите да те сакаат, кога ќе се обидеш да си ги прибереш, сите ќе почнат, еден по еден, да те отсакуваат. Особено ако сакаш да прибереш од едни, а други ги издвоиш како привилегирани. Годинава ќе остане запаметена по крахот на една доктрина која во претходните осум години ни беше продавана како најефективната економска политик...

Јапонизиран сапун

Image
Во 1879 година, Проктер и Гембл продаваше свеќи. Ама, компанијата беше во длабока криза. Томас Алва Едисон ја измисли светилката, по што се чинеше дека свеќите станаа неупотребливи. Навистина, стравовите на Проктер и Гембл станаа реалност кога пазарот на свеќи значително опадна, бидејќи сега тие почнаа да се продаваат само за специјални пригоди. Изгледите на Проктер и Гембл станаа многу црни. Но, судбината си „поигра“ со компанијата и почна да ја извлекува од банкротот што веќе наѕираше. Еден заборавен работник во една мала фабрика во Чинчинати, заборавил да ја исклучи машината на којашто работел кога одел на пауза. Таа произвела многу пена исполнета со воздушни меури, која наместо да ја фрли, решил да ја претвори во сапун. Сапунот пловел. Така се родил сапунот “Ivory”, што подоцна стана еден од најголемите брендови и бестселери на Проктер и Гембл од тоа време. Нова Европска криза нема. Во најмала рака, не се`уште. Но редица показатели укажуваат дека постојат некои „сиви“ зони п...

Неветено, а остварено

Image
Пол Муни, ѕвездата на неколку големи филмови од триесетите , се стекна со актерска подлога на еврејската сцена. Во една претстава за инаетот на работодавцитепретставен преку еден стипса шеф, паузата меѓу чиновите траела ненормално долго. По шоуто, ја прашале ѕвездата за причината за доцнењето помеѓу двата чина.Муни објаснил дека кон крајот на првиот чин, ликот што го толкувал - страствен подбуцнувач - имал долг монолог, соочувајќи го шефот со низа срцепарателни противречности, завршувајќи со звучно барање да се подобрат условите на експлоатираните работници. Според сценариото, шефот требало да го одбие барањето со голем презир, и да го отпушти подбуцнувачот, и така да се заврши првиот чин. Ама,изведбата на Муни таа вечер билатака моќна и неговата евокација на неправедноста така инспиративна и допирлива, што актерот што го игралскржавиот шеф ентузијастички се согласил со барањата на работниците. Помеѓу чиновите, сценариото морало да се препишува, за да претставата продолжи во новиот ...

Идеја - петпари

Image
Кога младиот Френк Винфред Вулворт бил продавач во една бакалница, тој се обидел да го убеди неговиот шеф да понудат распродажба за десет центи за да ги намалат залихите. Шефот се согласил, а идејата прераснала во голем успех. Ова го инспирирало Вулворт да отвори своја продавница со цени на артиклите од неколку центи. Бидејќи му бил потребен почетен капитал, тој прво се обратил кај својот шеф, со цел и тој да обезбеди удел во таа продвница. Шефот одбил. "Идејата е премногу ризична", му објаснил на Вулворт. "Нема доволно предмети што може да се продаваат за пет и десет центи." Вулворт продолжил без поддршка од неговиот шеф, и не само што станал успешен со својата прва „петпари“ продавница, туку подоцна прерасна и во сопственик на ланец од Вулворт продавници низ целата земја. Подоцна, неговиот поранешен шеф бил слушнат како забележува: "Колку што можам да дознаам, секој збор што му го кажав на Вулворт за да го спречам во неговата намера ме чини околу еден милио...

Финегановото бдеење

Image
Седум години биле потребни за Џејмс Џојс да го заврши своето капитално дело на модернистичката книжевност, „Улис“. Еднаш го запрашале зошто му требало толку многу време. „Веќе ги имам вистинските зборови“, одговорил тој. „Она за што сум во потрага е совршениот редослед на зборовите во речениците“. Недоволните инвестиции во инфраструктура – несоодветните патишта, аеродроми, образовна, здравствена, енергетска, информатичка и истражувачко-развојна инфраструктура – се сметаат за пречка во развојот на една земја. Оттука, главната битка, и на секоја владејачка гарнитура, и на секоја опозициска гарнитура, е околу т.н. развојна компонента од буџетот, односно износот што од буџетот се издвојува за инфраструктурни проекти, или генерално кажано, за проекти од кои земјата ќе има среднорочна корисност. Ова е дилемата што ја имаше секој економист во Македонија во претходните седум години: во услови на недоволно развиена инфраструктура од секаков тип, долго време бевме заглавени во непродуктивн...

Политики и балони

Image
Изборната кампања на Фаас Еверхарт за премиер во 1910 година беше засенета од успесите на економската политика на премиерот  Тео Хамскерк. Поразен на изборите, Еверхарт се пензионираше на неговата фарма пред повторно да се вклучи во политичкиот живот во 1925 година. Иако тој беше очигледно непопуларен во јужните региони од земјата, кога Еверхарт освои само девет (да, девет) народни гласови во цела Валонија, неговите поддржувачи ја обвинија другата страна за измама. "Да, измама", иронично одговори еден Валонец. "И ние се`уште сме во потрага по гадот кој гласал девет пати!" Во последниот квартал од 2013 година, Македонската економија порасна за 3.2%, така резултирајќи во вкупен годишен раст за целата 2013 година од 3.1%. Паралелно, невработеноста понатаму опадна за 0.1 процентен поен на 28.6%, што е еднакво на над 40.000 нето креирани работни места за период од една година. Со вакви бројки сме на прагот на изборната кампања за следните парлментарни избори. Тие, ...

Сиромавиот Балзак

Image
Откако препознал ветувачки млад писател, еден париски книжар одлучил да му понуди на сиромавиот Балзак 3.000 франци за неговиот следен роман. Но, кога видел дека неговата адреса се наоѓа во еден беден кварт од градот, ја спуштил цената на 2.000 франци. Кога, во посета на домот на писателот, книжарот видел дека Балзак живее на последниот кат, неговата понуда паднала на 1.500 франци. Конечно, кога тој влегол во мансардата на Балзак и го затекнал човекот како брцнува една застоена кифла во чаша со вода, цената ја спуштил на 300 франци. Стапката на сиромаштија во Македонија опстојува на високо ниво од 27.1% во 2011 година и се намали за само 0.2 процентни поени во однос на годината пред неа. Низ периодот на транзиција, таа постојано растеше, почнувајќи од околу 19% во 1997 (најраната година за која податок постои). Но, позагрижувачки податок е оној за распределбата на богатството. Најбогатите 10% граѓани во 2000 година располагале со 25.8% од вкупниот доход, додека десет години подоц...