Posts

Храбра, но (по)паметна фискална политика по изборите

Во време на продукцијата на „Покриениот вагон“ (1923), еден амбициозен филм за пионерите кои тргнаа кон Западот во 1840-те, шефот на студиото Парамаунт, Адолф Зукор, почнал да се грижи за растечкиот буџет на филмот и му наредил на продуцентот Џеси Ласки да ја суспендира продукцијата на филмот. „Театрите, објаснил тој, се жалат за бројот на вестерни што се произведуваат и се жедни за нешто различно“. „`Вагонот` не е вестерн“, возвишено се спротивставил Ласки. „Тоа е епска приказна.“ „Епска приказна?“ возбудено реплицирал Зукор. „Па, тоа е различно – тогаш, терајте понатаму !“ Јавниот долг на Македонија ја премина психолошката бариера од 50 проценти од БДП и со издавањето на последната еврообврзница се искачи на 50.6 отсто . Навидум, ова ниво на јавниот долг не е високо, особено ако се има предвид дека многу земји се доближуваат или ја надминуваат границата од 100 насто јавен долг од БДП. И, навистина, ова ниво на јавен долг немаше да ме загрижува ако не беа проблематични два други...

Економијата на Латинска Америка: Години без криза или кризата следи?

Во економска смисла, Латинска Америка потсетува на високи стапки на екстремна сиромаштија, голема доходна нееднаквост во општествата, неретко високи стапки на инфлација и депресирачки валути проследени со валутни кризи. Но, Латинска Америка помина низ Големата светска криза 2007-2011 многу подобро од САД и земјите од Западна Европа, кои се соочија со рецесии проследени со бавно закрепнување.  Всушност, периодот пред почетокот на кризата и за време на кризата обележа значаен економски раст, како и подобрување во социјаната кохезија на континентот. Просечниот раст во периодот 2004-2008 изнесуваше 5.2%. После брзиот пад во 2009, растот повторно се искачи на 4.1% во периодот 2010-2013. Некои земји, како Уругвај, Панама и Перу, криза и не забележаа: тие имаа континуирани стапки на раст од над 6% за време на целиот период 2004-2013. Потоа, позитивните движења беа ненадејно прекинати во 2014, што меѓу другото беше одраз на меѓународни фактори значајни за латиноамериканските земји, п...

Глобална економија: Стрмоглав пад?

Цената на суровата нафта започна брз пад после јуни 2014. Овој пад коинцидира со падот на цените на некои други стоки, и го означи крајот на т.н. суперциклус – период на рапидно бумирање на овие цени, што започна порано - некаде на почетокот на 2000-тите. Но, ако погледнеме наназад, ќе забележиме дека падот на цената на нафтата што го гледаме сега, не е нов, односно во историјата може да се забележат најмалку три големи падови. Секој од нив се случуваше во време кога се реструктуираше пазарот на нафта, но и глобалната економија. Првиот беше во средината на 80-тите, кога Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК го напушти фиксирањето на цената на нафтата; вториот на почетокот на 90-тите за време на Заливската војна, а третиот на почетокот на Големата финансиска криза од 2008. Сличноста меѓу сите три е зголемувањето на понудата и промени во политиката на ОПЕК по периодот на зголемување на цените. Ако се суди според историјата, тогаш, цените на нафтата ќе останат релативно нис...

Идеја - петпари (2)

Image
Длабоката политичка криза во Македонија, всушност, откри дека институционалниот систем не функционира по општоприфатени правила, односно би рекле дека политичката криза се сведува на институционална криза. На јавноста и ` се потврди она што претходно беше јавна тајна, дека институциите може да бидат злоупотребени за недржавни, најчесто политички и уште повеќе лични цели. Државен функционер може да се јави на друг државен функционер и да нарача инспекција, специјално подготвена да казни или дури затвори некоја фирма, без оглед што можеби таа фирма целосно ги почитува законските прописи и стандардите во работењето. Да немаме дилема, ова е една опасна форма на корупција. Таа не неопходно вклучува мито, односно нејзината примарна цел не е да изнуди финансиски средства, но таа не му дава на приватниот сектор да дише и директно го корумпира растот на економијата. На пример, Рохини Панде во „Разбирање на политичката корупција во нискодоходни земји“ прави интересен преглед на литература...

Економски модел?

Image
Деновиве, а и во еден подолг период наназад, владиниот економски модел за развој, кој се базира на привлекување странски инвеститори во технолошко-индустриски развојни зони во кои тие добиваат големи финансиски олеснувања, се најде изложен на сериозни критики, како во политичката, така и во експертската фела. Бранот критики беше поттикнат од најавата за повлекување на фабриката порано позната како Џонсон Контролс, која беше и првата позначајна странска (гринфилд) инвестиција во земјата. Ваквата одлука – без разлика дали се заснова на тоа дека финансиските олеснувања истекуваат, или е чисто поврзана со преструктуирањето во таа компанија – наметнува потреба за преоценување на потенцијалот и ефектите од овој развоен модел. Всушност, се најдуваме во уште едно предизборие како последица на политичката криза која започна порано годинава. Ова е период во кој политичктие партии, претпоставувам, ги скицираат своите политички програми. Клучно за живеачката ќе биде економскиот модел за разв...

Грција и Европа

Image
Претходниот месец Алексис Ципрас и Грчкиот парламент ги прифатија тешките услови за штедење и структурни реформи од тројката – Европската Комисија, Европската Централна Банка и Меѓунарониот Монетарен Фонд, конечно избегнувајќи банкротирање на земјата и излез од заедничката валута. Ваквиот пресврт беше, за прв пат и во голема мера, неочекуван, после референдумот од 5 јули на којшто мнозинството Грци се изјаснија против претпоследниот предлог на тројката којшто содржеше полабави услови од оние последните. Аргументите на противниците на останувањето на Грција во Еврозоната одеа во насока на тоа дека излезот ќе биде болен и мачен, но средниот и долгиот рок ќе донесат за земјата посолидни фундаменти за побрз раст и побрзо враќање на меѓународната конкурентност на економијата. Вака, во Еврозоната, јасно е дека Грција ќе мора да спроведува т.н. внатрешна девалвација, која главно се сведува на намалување на платите на јавната администрација, рез на државните трошења, намалување на пензиите, ...

Прогресивен данок

Image
Во сред политичка криза, тек-тук провејуваат некои идеи за враќање кон прогресивното оданочување, односно оптоварување на побогатите слоеви со повисока стапка на персонален данок од доход. Генезата на ваквата идеја лежи во фактот што Македонија се соочува со флагрантна нееднаквост во распределбата на доходот: најбогатите 10% од населението зафаќаат повеќе од една третина од вкупниот доход, додека најсиромашните 10% само 2% од доходот. Во прилог на тоа оди и тезата дека и покрај тоа што во последниве години Македонија генерира одредена стапка на економски раст, намалувањето на сиромаштијата е тешко и бавно, што укажува дека поголем дел од тој раст оди кај побогатите слоеви. Зошто прогресивното оданочување нема да ја поправи оваа слика, или нема да ја поправи значително? Зошто не треба да се враќаме кон прогресивното оданочување? Еве неколку размислувања. Прво, литературата е согласна дека повисок данок за богатите ќе ги направи помалку богати, но не е согласна дека тоа ќе дове...