Posts

Хотел Калифонија (Економија и Бизнис, Мај 2012)

Image
Една вечер, Дон Хенли од легендарните Eagles си поминал убави моменти со една од неговите девојки на ноќта. Во раните утрински часови, таа заклучила: „Дон, ти си крал...“, инсистирајќи „... те молам внеси ме во твојот хотел Калифорнија“. Ќе се сетат читателите дека тоа е популарната песна на Eagles којашто зборува за еден хотел кадешто можеш да влезеш, но не можеш да излезеш. Како што зборував во една претходна колумна, сега Грција влезе во состојба на политичка криза, затоа што ниедна партија не освои доволно мнозинство за да формира влада, а напорите за коалицирање пропаднаа. Сега, ќе ги чекаме новите избори во јуни. Но, што да очекуваме да се случи? Ако Алексис Ципрас, противникот на пакетот за спасување, противникот на големата Тројка, партијата Сириза, победи и почне да формира влада, тогаш вториот пакет за спас на економијата несомнено веднаш ќе биде сопрен. Од друга страна, ако централно-десничарската Неа Демократија победи и има можност да формира влада, како што прогноз...

Младите и вработувањето (Економија и Бизнис, Април 2012)

Image
По напуштањето на позицијата државен секретар во 1953 година, Дин Ачесон бил запрашан за своите идни планови. „Јас несомнено ќе барам она што е среќно познато како добитно вработување,“ возвратил Ачесон, „што со задоволство можам да кажам дека не е имање работна позиција во јавната администрација ." На крајот на минатата година, скоро 60% од младите во Македонија биле невработени. Споредено со истиот период од 2010, невработеноста кај младите се зголемила за цели 9 процентни поени, од 50.5% во 2010 на 59.4% во 2011. Ваквите бројки ја надминуваат и психолошката граница од 50% невработени млади во Шпанија и Грција и 30% во Португалија и Италија (четирите најпогодени земји од кризата). Со ова, и нашите млади влегуваат во ризикот да бидат „изгубената генерација“, која тешко може да закрепне од последиците на невработеноста и лошиот животен стандард, и претставува голема цена што општествата ќе треба да ја платат во годините што доаѓаат. Но, на светско ниво младите луѓе през...

Пазарење 2 (Економија и Бизнис, Март 2012)

Image
Во март 2001 година, Ал Гор се сретна со Џорџ Буш и голем дел од неговите помошници, за да разговараат за проблематичната економија. Тие почнале да испитуваат еден графикон кој ја илустрирал длабочината на рецесијата. Тогаш, Гор почнал да шпекулира за проекцијата на економскиот раст: "Тој би можел да изгледа како стап за хокеј", рекол тој. По неколку мига се премислил: "Сепак, тој би можел да изгледа како  U …..  тој би можел да изгледа како V ..... или, ако работите навистина се влошат, тој би можел да изгледа како W.....". Во четвртиот квартал од 2011 година, Македонската економија порасна за само 0.2% на годишна основа. Ваквиот раст ‘ овозможи ’ вкупната 2011 да се заврши со 3.0% економски раст. Да се потсетиме, некои економисти на почетокот од годината веруваа во стапка на економски раст од 2.5%, а владата веруваше во 3.5%. До крајот на годината ...

Пирова победа (Економија и Бизнис, февруари 2012)

Image
Опасниот и храбар генерал Пир бил регрутиран од страна на грчките градови во јужниот дел на Италија за да се спротивстави на многу помоќните Римјани. Во 279 година п.н.е., неговите инвазивни грчки сили се сретнале и ги победиле Римјаните во битката кај Аскулум во Апулија. Ама, ваквиот ангажман чинел многу скапо: Пир изгубил многу од своите воини, неколку блиски соработници, како и целиот негов багаж. Кога еден од неговите војници му ја честитал на кралот неговата победа, тој славно одговорил: "Уште една ваква победа, и готови сме!" Спасувачката тројка – Европската Комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка – веќе не и веруваат на Грција. Тие досега и одобрија неколку пакети за спас на нејзината економија, но сега се сепнаа дека можеби „фрлаат пари во бунар без дно“. Во средината на февруари, министрите на еврозоната го откажаа состанокот на којшто требаше да го одобрат најновиот спасувачки пакет, под изговорот дека им се потребни подетални информа...

Комета на мизеријата (Економија и Бизнис, Јануари 2012)

Image
На 29. јуни, 1456, датум кога Халеевата комета можел a да се види на ноќното небо , a човештвото се плашел o дека таа може да донесе мизерија, глад, или некоја друга катастрофа, папата Каликста III, кој бил на тронот една година, издал официјален декрет против кометата. Неговата наредба била христијаните да се молат кометата – или симболот на "гневот на Бога" – да биде целосно пренасочена против Турците, кои во тоа време биле непријатели на христијанството. Неодамна, угледниот Економист излезе со рангирање на земјите според степенот на нивната мизерија, мерена според големината на невработеноста во земјата и брзината на пораст на цените, односно пад на потрошувачката моќ на граѓаните. На таквото рангирање, Македонија беше рангирана прва, со стапка на мизерија од 35%, пред Венецуела, Иран, Јужна Африка и сл. Иако оваа колумна нема за цел да ја пренасочи ваквата „комета на мизеријата“ кон друг виновник, сепак ќе даде неколку видувања за тоа зошто ваквиот индекс е сериозен,...

Должничка перница (Економија и Бизнис, Декември 2011)

Image
Еден ден, еден римски благородник умрел, оставајќи зад себе огромни долгови што не биле познати за време на неговиот живот. Откако разбрал дека имотот на благородникот ќе се продава на аукција, Јулие Цезар му наложил на агентот да ја купи перницата за спиење од човекот. Зошто? "Таа перница мора да била особено погодна за спиење", објаснил тој, "ако нејзиниот последен сопственик, и покрај неговите долгови, можел да спие на неа." На крајот на октомври оваа година, јавниот долг на централната влада изнесуваше 25.7 проценти од бруто-домашниот производ, од коишто околу 19 процентни поени отпаѓаат на надворешно задолжување, а остатокот од околу 7 процентни поени на внатрешното задолжување. Овие цифри не ги вклучуваат задолжувањата на јавните претпријатија, така што ако се земе и тоа задолжување, цифрата сигурно би се искачила некаде над 30 проценти од БДП. На крајот од првото полугодие, пак, на оваа година вкупното надворешно задолжување и на јавниот и на приватниот се...

Економијата, Моамер и народот (Капитал, 30.12.2011)

Image
Ако денес мислев дека навистина се ближи крајот на светот, тогаш има неколку работи и личности по коишто ќе сакам да ја запаметам годинава што изминува. Секако, годинава нема да ја паметам по тоа што Македонија не само што помина во кризата неоштетена, туку искористи од неа, нема да ја паметам по стокатници кои никнаа во Скопје, нема да ја паметам по економски раст од 8%... Сепак, ми остануваат неколку работи по коишто ќе ја паметам. Па, вака, да почнам со настаните. На глобална сцена, 2011 ќе ја запаметам по силниот земјотрес и цунамито во Јапонија. Овој настан предизвика катастрофа од планетарен размер и ја разора јапонската економија. Но, истовремено, оваа катастрофа ја покажа обединетоста, цивилизираноста и отпорноста на јапонскиот народ, што е должно за секаква почит. Слично на ова, на домашен план годинава ќе ја запамтам по предвремените парламентарни избори. Зошто ова е економски настан на 2011? Затоа што сите полагаме надежи во нашата економија, дека еден ден ќе биде попроспе...