Економијата, Моамер и народот (Капитал, 30.12.2011)
Ако денес мислев дека навистина се ближи крајот на светот, тогаш има неколку работи и личности по коишто ќе сакам да ја запаметам годинава што изминува. Секако, годинава нема да ја паметам по тоа што Македонија не само што помина во кризата неоштетена, туку искористи од неа, нема да ја паметам по стокатници кои никнаа во Скопје, нема да ја паметам по економски раст од 8%... Сепак, ми остануваат неколку работи по коишто ќе ја паметам. Па, вака, да почнам со настаните. На глобална сцена, 2011 ќе ја запаметам по силниот земјотрес и цунамито во Јапонија. Овој настан предизвика катастрофа од планетарен размер и ја разора јапонската економија. Но, истовремено, оваа катастрофа ја покажа обединетоста, цивилизираноста и отпорноста на јапонскиот народ, што е должно за секаква почит. Слично на ова, на домашен план годинава ќе ја запамтам по предвремените парламентарни избори. Зошто ова е економски настан на 2011? Затоа што сите полагаме надежи во нашата економија, дека еден ден ќе биде попроспе...