Posts

Шеик (Капитал, 21.10.2011)

Image
Си бил еден шеик кој имал три жени, единаесет сина и тринаесет ќерки. Неговата амбиција од приватниот пополека се пресликала и во професионалниот живот. Уште рано во својата кариера тој го водел врховниот совет за планирање во својот емират, којшто бил задолжен за поставување и водење на главните економски и социјални политики. Подоцна, шеикот во свои раце го презел и тековното водење на бизнисот со нафта и природен гас, на државно ниво. Ваквиот развој на настаните ја направил неговата држава најбрзорастечката економија во светот. Веројатно погодувате, ова не е измислена приказна, туку станува збор за емирот на државата Катар. Проценетиот раст на катарската економија за 2011 година изнесува 21%. Не, ова не е бројка со испуштена децимална запирка! Ваков раст, всушност, значи дека доходот (по глава на жител) во земјата ќе се удвои за помалку од 5 години, што може да претставува сон на секој граѓанин и на секој економски политичар. Но, тој сон му се остварува на шеикот Хамад бин Калифа ...

Таџ Махал (Капитал, 7.10.2011)

Image
Во 1629 година, додека била на смртна постела, омилената сопруга на могулот-император, шахот Јахан, ја кажала својата последна желба: могулот да и изгради споменик што ќе ја слави нивната љубов. Резултатот – Таџ Махал, здание за коешто требале 22 години за да се заврши. Нема податок за тоа како оваа изградба влијаела врз економијата на Индија – веројатно во тие времиња тоа и не било важно. Во вториот квартал од 2011 година, македонската економија оствари реален пораст од 5,3%, што го вбројува во оние цифри кои постојано се вртат по медиумите, како цифри што економијата треба да ги постигне за да се почувствуваат благодетите врз животниот стандард на населението. Основата на тој раст – градежната активност на државата. Градежништвото во истиот квартал порасна за импозантни 26%. Бројките се неумоливи и ја потврдуваат тезата на владата дека во што и да се инвестира, тоа ќе даде резултат. Резултатот е тука. Само, разликата е во тоа што некои инвестиции ќе го направат резултатот да се повт...

Соединети Европски Држави (Капитал, 15.07.2011)

Image
Денес е време кога Европа речиси и да спие во услови на разнишан банкарски систем, недозволиво висока невработеност и низок раст и слаба конкурентност на нејзината економија. Дополнително, неколку нејзини периферни економии покажуваат големи фискални ранливости, што може надолу да ја повлече целата европска економија. Но дали погрешното разбирање на економските проблеми на Европа води кон погрешни мерки за справување со нив? Во основа, денес Европа не се соочува само со фискален проблем, туку со најмалку уште два, меѓусебно систематски поврзани проблеми: проблем на банкарскиот систем и проблем на растот. Денес, многумина се согласуваат дека во предвечерјето на светската економска криза, проблемот на банакрскиот систем не беше само ликвидносен, туку и структурен. Имено, уште тогаш европските банки беа многу повеќе задолжени од американските банки, што ги направи особено ранливи на кризата. Тие и се сеуште повеќе задолжени. Сега, проблемот е уште поголем: Германски, Француски, Италијан...

Источно од рајот (Капитал, 01.07.2011)

Image
Во неколку претходни колумни се осврнав на рапидниот раст на земјите од Централна и Источна Европа пред кризата, доброто справување со кризата (кога некои земји како Турција продолжија да растат со значително-високи стапки на раст) и брзото излегување од неа. Во изминатата деценија, Југоисточна Европа се промени многу, и економски и политички, што придонесе локацијата на „Европа“ или она што (сеуште) го нарекуваме „запад“, да се промени. На пример, некои се сеќаваат, а другите знаеме од прераскажување дека еднаш, не многу одамна, Бугарите и Романците во Југославија гледаа подобра верзија на сопственото општество, но и разумна замена за Германија или Италија (во смисла на трговија) и транзитна маршрута на свото патешествие дотаму. Потоа, војни, ембарга, хиперинфлации, кошмар. Никој не сака тоа да се повтори. Луѓето гледаа на Југославија како на „исток“, затоа што таму имало мир, но и затоа што тоа било местото од кадешто доаѓало шверцувано гориво и политичка поддршка. Во меѓувреме, ...

Денот потоа (Капитал, 17.06.2011)

Image
Периодот по светската економска криза го обележува заздравување кое го префрли економскиот раст од развиените земји во брзорастечките и земјите во развој. Во 2010 година во развиените земји растот на БДП изнесуваше 3%, додека во брзорастечките и земјите во развој значителни 7,2%. Во истиот контекст, прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд се дека во текот на оваа година развиените земји ќе растат со 2,5%, а земјите во развој со 6,5%. Ваквиот раст на земјите во развој го зголемува нивното значење на глобалната економска сцена: во просечниот светски раст тие придонесуваат со околу две третини, а се поголемо е нивното учество во светските трговски и финансиски текови. И покрај ваквите позитивни изгледи за земјите во развој, на хоризонтот се појавија неколку предизвици. Првата група предизвици се макроекономските: новиот модел на раст и макроекономската стабилност.  Веќе нема дилема дека стариот модел на раст, што се засноваше на надворешната побарувачка, сега треб...

ДОМА СИ Е ДОМА (Kaпитал, 02.06.2011)

Image
И покрај тоа што во годините пред кризата македонската економија постигна добри стапки на економски раст, се покажа дека тоа не се рефлектираше врз намалување на сиромаштијата, туку напротив, оваа бројка ја премина психолошката граница од 30% и ја влоши распределбата на доходот. Последново, всушност, значи дека богатите станале уште побогати, а сиромашните уште посиромашни. Ова, заедно со растечките цени од месец во месец, придонесува просечниот македонски граѓанин да може се потешко и потешко да ги задоволи основните животни потреби. Ако експанзивен бизнис-циклус не може да ја намали сиромаштијата и да ја подобри распределбата на доходот во Македонија, тогаш мора да постои друга сила којашто дејствува со поголема јачина во спротивната насока. Секако, таа сила мора да произлегува од поставеноста на јавните политики во претходниот период. Најпрвин, влошувањето на сиромаштијата и распределбата на доходот во голем дел може да се објаснат со поставеноста на фискалната политика на страната...

Со среќа, гувернере! (Капитал, 27.05.2011)

Image
Деновиве нашата централна банка го доби четвртиот, по ред, гувернер. Според мое лично мислење, изборот падна на високо-стручна личност, со висок личен и професионален интегритет. Моментот на преземање на функцијата е проследен со остатоците од економската криза и со изразени инфлациски тенденции. Но, иако во моментот инфлацијата на цените покажува извесна перзистентност, како што и се очекуваше, сепак, сметам дека инфлацискиот проблем е повеќе од краткорочен карактер. Бидејќи ефектот од растечките цени постепено се провлекува во т.н. ефекти од втора рунда, веројатно блага реакција на централната банка ќе биде сега неопходна – меѓу другото и за да спречи поизразена појава и интензивирање на инфлациските очекувања. Но, секако ова може да биде само една епизода од секојдневното функционирање на централната банка. Наспроти тоа, мандатот на гувернерот веројатно треба да го обележи нешто друго. Според моето гледиште, на хоризонтот на новиот мандат стојат неколку предизвици. Напуштање на ...