Posts

Прогресивен данок

Image
Во сред политичка криза, тек-тук провејуваат некои идеи за враќање кон прогресивното оданочување, односно оптоварување на побогатите слоеви со повисока стапка на персонален данок од доход. Генезата на ваквата идеја лежи во фактот што Македонија се соочува со флагрантна нееднаквост во распределбата на доходот: најбогатите 10% од населението зафаќаат повеќе од една третина од вкупниот доход, додека најсиромашните 10% само 2% од доходот. Во прилог на тоа оди и тезата дека и покрај тоа што во последниве години Македонија генерира одредена стапка на економски раст, намалувањето на сиромаштијата е тешко и бавно, што укажува дека поголем дел од тој раст оди кај побогатите слоеви. Зошто прогресивното оданочување нема да ја поправи оваа слика, или нема да ја поправи значително? Зошто не треба да се враќаме кон прогресивното оданочување? Еве неколку размислувања. Прво, литературата е согласна дека повисок данок за богатите ќе ги направи помалку богати, но не е согласна дека тоа ќе дове...

Инвестиции, образование, емиграција, редистрибуција

Image
И покрај надолниот тренд на вкупната невработеност што странските фабрики и државно-индуцираната градежна активност го извршија врз стаката на невработеност – сведувајќи ја во последниот квартал од 2014 на 27.6%, невработеноста на младите останува висока. Во четвртиот квартал од 2014 таа изнесува 50.4%, без очигледна тенденција за нејзино намалување. Оваа стапка е и квантитативен показател за `задушените` можности за младите и нивниот сон, но не и реалност за подобар живот. Четири тенденции во нашето општество се главни детерминанти на оваа младешка стапка на невработеност, или попрецизно кажано, на нејзината перзистентност околу или над 50%: странските директни инвестиции, образованието, емиграцијата и редистрибуцијата. Гигантски напори се вложуваат за привлекување на странските инвеститори и, иако тој процес не оди подмачкано, некакви резултати се наѕираат. Економистите знаат дека тие фабрики плаќаат плати околу или нешто повеќе од минималната за просечниот работник, но добри...

Монетарни мерки

Во јануари видовме два монетарни потега на два клучни играчи на европско, а веројатно и на глобално тло: `одврзувањето` на швајцарскиот франк од еврото и објавата од страна на Европската Централна Банка на програмата за квантитативно олеснување, односно откупувањето државни обврзници од земјите членки на еврозоната, со цел да се вбризга ликвидност во системот која на среден до долг рок ќе го поттикне растот. Еве неколку размисли во врска со овие потези. Во екот на кризата, Швајцарската Народна Банка (СНБ) го фиксираше курсот на франкот во однос на еврото на 1.20 франци за 1 евро, со цел да ги лимитира притисоците за апрецијација на домашната валута, која се закануваше да го поскапи швајцарскиот извоз и да го инхибира растот на економијата. За да го одбрани фиксниот курс, СНБ откупи евра во висина близу до годишниот износ на швајцарскиот БДП, издавајќи толкав износ на долг деноминиран во домашната валута. Според тоа, и ова е една форма на квантитативно олеснување. СНБ откупи средс...

Уџи слободно

Image
Вообичаено, декември е месец кога правиме пресек на сработеното и постигнатото во годината што изминува. И јас во декемвриската колумна си го поставувам прашањето, по што ќе ја запаметам 2014 година. Се сеќавате дека лани напишав дека 2013 ќе ја запамтам по Ѓокица кој делеше ситни пари во прајм тајм, како и по баба Рада, која немајќи ниту ситни пари, се расфрлаше со билки во некој офсајд термин? Сакал или не сакал, и оваа година ќе ја паметам по овие два лика. Ѓокица го нема повеќе да се расфрла со ситни пари. A ко парите ги немаш, а сакаш со нив да се расфрлаш, ќе дојде денот кога ќе треба тие пари да си ги прибереш назад. Како што при расфрлањето правиш сите да те сакаат, кога ќе се обидеш да си ги прибереш, сите ќе почнат, еден по еден, да те отсакуваат. Особено ако сакаш да прибереш од едни, а други ги издвоиш како привилегирани. Годинава ќе остане запаметена по крахот на една доктрина која во претходните осум години ни беше продавана како најефективната економска политик...

Јапонизиран сапун

Image
Во 1879 година, Проктер и Гембл продаваше свеќи. Ама, компанијата беше во длабока криза. Томас Алва Едисон ја измисли светилката, по што се чинеше дека свеќите станаа неупотребливи. Навистина, стравовите на Проктер и Гембл станаа реалност кога пазарот на свеќи значително опадна, бидејќи сега тие почнаа да се продаваат само за специјални пригоди. Изгледите на Проктер и Гембл станаа многу црни. Но, судбината си „поигра“ со компанијата и почна да ја извлекува од банкротот што веќе наѕираше. Еден заборавен работник во една мала фабрика во Чинчинати, заборавил да ја исклучи машината на којашто работел кога одел на пауза. Таа произвела многу пена исполнета со воздушни меури, која наместо да ја фрли, решил да ја претвори во сапун. Сапунот пловел. Така се родил сапунот “Ivory”, што подоцна стана еден од најголемите брендови и бестселери на Проктер и Гембл од тоа време. Нова Европска криза нема. Во најмала рака, не се`уште. Но редица показатели укажуваат дека постојат некои „сиви“ зони п...

Неветено, а остварено

Image
Пол Муни, ѕвездата на неколку големи филмови од триесетите , се стекна со актерска подлога на еврејската сцена. Во една претстава за инаетот на работодавцитепретставен преку еден стипса шеф, паузата меѓу чиновите траела ненормално долго. По шоуто, ја прашале ѕвездата за причината за доцнењето помеѓу двата чина.Муни објаснил дека кон крајот на првиот чин, ликот што го толкувал - страствен подбуцнувач - имал долг монолог, соочувајќи го шефот со низа срцепарателни противречности, завршувајќи со звучно барање да се подобрат условите на експлоатираните работници. Според сценариото, шефот требало да го одбие барањето со голем презир, и да го отпушти подбуцнувачот, и така да се заврши првиот чин. Ама,изведбата на Муни таа вечер билатака моќна и неговата евокација на неправедноста така инспиративна и допирлива, што актерот што го игралскржавиот шеф ентузијастички се согласил со барањата на работниците. Помеѓу чиновите, сценариото морало да се препишува, за да претставата продолжи во новиот ...

Идеја - петпари

Image
Кога младиот Френк Винфред Вулворт бил продавач во една бакалница, тој се обидел да го убеди неговиот шеф да понудат распродажба за десет центи за да ги намалат залихите. Шефот се согласил, а идејата прераснала во голем успех. Ова го инспирирало Вулворт да отвори своја продавница со цени на артиклите од неколку центи. Бидејќи му бил потребен почетен капитал, тој прво се обратил кај својот шеф, со цел и тој да обезбеди удел во таа продвница. Шефот одбил. "Идејата е премногу ризична", му објаснил на Вулворт. "Нема доволно предмети што може да се продаваат за пет и десет центи." Вулворт продолжил без поддршка од неговиот шеф, и не само што станал успешен со својата прва „петпари“ продавница, туку подоцна прерасна и во сопственик на ланец од Вулворт продавници низ целата земја. Подоцна, неговиот поранешен шеф бил слушнат како забележува: "Колку што можам да дознаам, секој збор што му го кажав на Вулворт за да го спречам во неговата намера ме чини околу еден милио...